Возрасни ѕвезди кои беа во љубовна врска со тинејџери
- Детали
- петок, 14 септември 2018
Кое беше момчето што Тејлор Свифт го заведе на летен распуст? Знаевте ли дека Тајга и Кајли Џенер беа заедно од нејзини 16 години? За чие бебе се шпекулираше дека таткото е Џастин Бибер?
Тие се богати и славни. Имаат завидни кариери и успеси позади себе, па многумина би претпоставиле дека и нивните партнер(к)и треба да бидат подеднакво остварени во животот. Наспроти очекувањата - мноштво познати фаци се сплеткаа со незрели момци и девојки.
Ова се возрасните ѕвезди кои беа во љубовна врска со тинејџери:
Хенри Кавил
На оскаровската забава што ја организираше Vanity Fair во 2016, славниот актер Хенри Кавил пристигна во придружба на 19-годишната девојка Тара Кинг. Згодниот „супермен“ тогаш имаше 32 години.
Тој си ја отвори душата во разговорот за магазинот Elle: „Луѓето велат дека годините се само бројка. И навистина е така – показател се за нечија зрелост. А, во овој случај, таа е неверојатна.“
Тајга
Раперот ја обзнани врската со Kajли Џенер, дури по нејзиниот 18-ти роденден во август 2015. Меѓутоа, секој човек со очи и пристап до Инстаграм, добро знае дека Тајга се плеткаше со старлетата од 16 години.
Дури и Канје Вест отворено проговори за нивниот однос, гостувајќи во радио емисијата „The Breakfast Club“: „Тие се во љубов. Тој порани.“. Ова беше шест месеци пред споменатиот роденден.
The Weeknd
Пејачот ја официјализираше врската со убавицата Бела Хадид, откако манекенката наполни 18 години, наспроти неговите 25. Во разговорот за магазинот Rolling Stone, пак, тој сподели дека уште од поодамна се трудел да ја ќари.
„Ја прашав дали сака да учествува во еден проект. Мотивот буквално ми беше да работам со неа. Кога ме одби, си реков дека е OK, порано или подоцна ќе сретнеме лице в лице.“, искрено проговори The Weeknd. Упорноста очигледно му се исплатеше. Останатото е веќе историја.
Тејлор Свифт
Во 2012 година, на кантавторката ѝ се случи летна романса со 18-годишникот Конор Кенеди. Се сретнаа кога тој беше на распуст од средно училиште. Тиквата пукна есента, само четири месеци подоцна. Според Us Weekly, тој морал да се врати на школо, а поради посесивноста на пејачката, нивната врска не издржала на далечина.
Тејлор Свифт потоа утеха пронајде во прегратките на Хари Стајлс од One Direction, кој беше една година постар од претходникот. Раскинаа непосредно пред неговото навлегување во 20-тите. Откако премина на диџејот Калвин Харис, таа конечно го напушти тинејџерскиот клуб.
Вилмер Валдерама
Ѕвездата има долга историја на забавување со тинејџерки. Датира од 2000 година, кога Вилмер Валдерама како дваесетгодишник се запознал со 15-годишната Менди Мур на фото-сесија. Набрзо влетаа во врска.
Во 2004 година, пак, тој го освои срцето на 17-годишната глумица и пејачка Линдзи Лохан. А, во 2010 година, заводникот се скраси и покрај 17-годишната Деми Ловато. Toгаш актерот го прослави 30-тиот роденден.