Возрасни ѕвезди кои беа во љубовна врска со тинејџери
Сем Тејлор-Џонсон
Koга им се вкрстија патиштата со 23-години помладиот сопруг, Сем Тејлор-Џонсон имаше 42, а тој навршени 19. Фактот што Арон ѝ беше вработен, создаде уште почудна аура за динамиката на славниот пар.
Сепак, атрактивниот глумец инсистира дека возрасната разлика воопшто не му пречи: „Луѓето кои ме познаваат велат дека сум како Бенџамин Батон. Мислат дека јас сум стара душа, додека таа е млада душа.“
Ник Лаше
Kога омилената ѕвездена двојка се појавуваше на сите насловни страници, многумина замижаа пред податокот дека Ник Лаше има 25 години, а Џесика Симпсон само што наполни 18.
Одлуката на парот беше да се воздржуваат од интимни односи, сѐ дури не стапат во брак. Тие се венчаа на традиционална христијанска церемонија во октомври 2002 година.
Џоел Маден
Пред да се ожени со сопругата Никол Ричи, јавноста ја брануваше веста дека Џоел Маден е во врска со Хилари Даф. Фронтменот на бендот The Good Charlotte имаше 26 години, додека американската глумица и пејачка беше на возраст од 18.
Според Us Weekly, парот всушност се забавувал две години наназад. Во интервјуто за Cosmopolitan, таа навести дека нивниот однос не бил ни малку наивен: „Имав возрасен дечко. Секој нека си претпостави што сум правела со него.“
Пол Вокер
Кога не беше „брз и бесен“ на филмски сет, покојниот актер „бркал“ малолетнички. Британскиот весник Daily Mail пренесе дека со долгогодишната девојка Џасмин Пилчард – Госнел почнал да се гледа во 2006.
Таа имаше 23 години во времето кога се случи трагедијата, па лесно е да се заклучи дека во врска беа од нејзини 16 години, наспроти неговите 33. И претходната девојка на Пол Вокер била на иста возраст кога се вљубила во него.
Џасмин Вилегас
Во ноември 2015 година, пејачката и поранешна девојка на Џастин Бибер, објави дека е во шестиот месец од бременоста. Тогаш 22-годишната Џасмин Вилегас одби да го открие идентитетот на таткото, тврдејќи дека „сѐ е во ред и тој максимално ја поддржува“.
Веројатно причината беше фактот што очекува дете од тинејџер. Нејзиното момче, Рони Бенкс, само што наполни 18 години во периодот кога одекна веста. Иако постоеше дилема со кого од двајцата затруднела, подоцна сепак излезе дека таткото не е музичката ѕвезда.
М. A. | Црнобело