Каква кралска титула може да добие принцезата Шарлот во иднина?
- Детали
- сабота, 01 септември 2018
Принцезата Шарлот е средно дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и благодарение на Кралскиот акт од 2013 година, таа не може да го изгуби редот за тронот без разлика што има помлад брат.
Меѓутоа, според познавачите на кралските традиции, големи се шансите таа никогаш да не стане кралица, бидејќи во тој ред стојат и дедо ѝ, принцот Чарлс, татко ѝ принцот Вилијам и нејзиниот постар брат, принцот Џорџ.
Сепак, има нешто што нејзините браќа никогаш нема да го добијат. Таа во иднина би можела да добие ретка, но многу висока титула, која во моментов ја има принцезата Ен, ќерка на кралицата Елизабета.
Засега, таа е Нејзиното височество принцезата Шарлот Елизабет Дијана од Кембриџ и оваа титула ќе ја носи додека нејзиниот татко да стане крал и додека да починат кралицата Елизабета, принцот Чарлс и нејзината роднина принцезата Ен.
Потоа може да ја добие титулата кралска принцеза, која во моментот ја носи принцезата Ен, ќерка на монархот (кралицата Елизабета) и сестра на првиот наследник во редот за тронот. Кралска принцеза е титула што е наменета за првороденото женско дете на монархот.
Шарлот би немала кралски должности, но би се чувствувала посебно. За првпат оваа титула е воведена во 1642 година, за ќерката на кралот Чарлс први. Бидејќи треба да се исполнат доста услови, како што е родителот да е крал/кралица и да нема друг жив носител на истата, оваа титула е истовремено многу ретка, но и многу почитувана.
На пример, кралската принцеза Ен успеала да биде именувана како таква дури на нејзина 36-годишна возраст.
Последниот и најтешкиот услов кој треба да се исполни е монархот да одлучи дали сака неговата ќерка да биде именувана така.
Па, стискаме палци за принцезата Шарлот.
Е. Д. | Црнобело