Официјалните фотки од крштевката на принцот Луи: Кралското семејство собрано без кралицата
- Детали
- понеделник, 16 јули 2018
Пред една недела имавме можност да го видиме кралското семејство собрано во кралската капела во Сент Џејмс палатата, по повод крштевката на третото дете на Кејт и Вилијам.
Сега, конечно излегоа и официјалните портрети на семејството од крштевката, заедно со принцот Луи, а беа објавени на официјалниот Инстаграм профил на Кензингтонската палата.
Принцот Луи, ја преспал целата церемонија, но на интимната фотографија со неговата мајка во градината, неговите сини очиња се широко отворени.
Нивниот најмал син носи реплика на облека за крштевка, направена во 1841 за најстарата ќерка на кралицата Викторија.
За да ја носат децата и внуците на сегашната кралица Елизабета, морало да биде направена копија бидејќи старата веќе се уништувала.
Во отсуство на кралицата Елизабета и принцот Филип, кои не присуствуваа воопшто на крштевката заради зафатениот распоред, на семејната фотографија, може да се забележат родителите на Кејт, како и нејзината сестра Пипа, заедно со сопругот.
Прекрасна е и фотографијата со принцот Чарлс и Камила, заедно со принцот Хари и Меган, на која сите блескаат, а принцот Џорџ и принцезата Шарлот се радуваат на нивното мало братче.
М. М. | Црнобело