Низ фотки: Кралското семејство ја прослави крштевката на принцот Луи
- Детали
- вторник, 10 јули 2018
Принцот Луи од Кембриџ вчера беше крштеван во кралската капела во Сент Џејмс палатата.
Кејт и Вилијам беа горди родители, чија радост беше очигледна уште од самото пристигнување во палатата.
https://www.youtube.com/watch?v=aeWGqO2JsYI
4-годишниот Џорџ и 3-годишната Шарлот за рака го држеа принцот Вилијам, додека Кејт, облечена во бел фустан, го држеше принцот Луи стар 11 недели, облечен во традиционалната долга облека за крштевка.
По официјалниот дел, целото кралско семејство заедно со гостите се упатиле на попладневен чај, каде се служела торта идентична како на нивната венчавка.
Дел од најубавите семејни фотки на кралското семејство на овој посебен ден:
М. Д. | Црнобело