Давење, сообраќајни незгоди: 5 ѕвезди кои спасиле некому живот
- Детали
- недела, 01 јули 2018
Том Круз и Вин Дизел се силни момци на ТВ екраните, но дефинитивно и во приватниот живот.
Неретко ги гледате како спасуваат животи на ТВ екраните, но тие се подеднакво храбри и хумани во приватноста.
Откако ќе прочитате за нивните храбри потези ќе ги сакате уште повеќе:
Том Круз
Во 1996 година со неговата тогашна сопруга Никол Кидман пловеле со јахта на Медитеранот. Парот забележал мал брод што тоне и Том Круз веднаш ги префрлил 5-те патници на нивната јахта.
Истата година, актерот повикал брза помош за повредена жена и ѝ го платил третманот. Има направено и низа други вакви хумани дела во животот.
Клинт Иствуд
На една добротворна забава на Стив Џон, директор на една успешна компанија, му залетнало парче сирење и почнал да се гуши и да ги превртува очите.
Клинт Иствуд, кој тогаш веќе имал 83 години, со помош на посебен метод го спасил од гушење мажот кој тежел 100 килограми.
Мила Кунис
Во 2012 година, 50-годишен маж кој работел во куќата на Мила Кунис почнал да искашлува крв, паднал и за малку ќе си го голтнел јазикот.
Актерката брзо го свртела на страна и со прстите му го фатила јазикот за да не го голтне, додека пријател кој бил кај неа викал итна помош.
Вин Дизел
Возејќи се на мотор во Холивуд, актерот бил сведок на сообраќајна незгода.
Од сплесканиот автомобил Вин Дизел ги извадил децата и ги однел колку што можел подалеку, а на возачот му советувал да се одвлечка на страна од автомобилот, кој можел да експлодира во секој миг.
Арнолд Шварценегер
Во 2014 година актерот и политичар додека бил на одмор во еден ресорт на хавајскиот остров Мауи забележал дека на еден човек му се слошило во водата и почнал да се дави во длабокото.
Со својата штица за пливање Шварценегер отишол до човекот и го довлечкал до брегот.
С. С. | Црнобело