Што кажува говорот на телото на Кејт и Меган за нивниот однос со кралицата?
- Детали
- вторник, 26 јуни 2018
Едната изгледа како да мора да се докаже и ѝ е некомфорно, додека другата е сосема опуштена со кралицата. Што мислите - Меган или Кејт, која се согласува подобро со кралицата?
Кејт Мидлтон и Меган Маркл имаат 36 години и двете се омажени за принцови во британското кралско семејство.
Меган неодамна го имаше првото официјално патување со кралицата, само еден месец по свадбата со принцот Хари, а Кејт го имаше првото официјално патување со кралицата дури една година по свадбата со принцот Вилијам.
Што кажува говорот на нивното тело за односот кон кралицата Елизабета?
Експертите за говор на тело велат дека Кејт Мидлтон отсекогаш била поопуштена во близина на кралицата. Таа го знае Вилијам со години и во текот на нивната врска постојано била во контакт со кралското семејство, па ги учела нивните навики и манири.
На нејзиното прво патување со кралицата во 2012 година Кејт одела малку зад кралицата, но успеала да не изгледа како да е незначајна и како да ѝ е некомфорно. Нивната комуникација изгледала дури како да се пријателки.
Но, од друга страна Меган во друштво на кралицата изгледа малку нервозно и како да има понизок статус од неа. Таа се омажи набрзина со Хари, без искуство со кралското семејство, па логично е што сега ѝ е потешко.
И Меган, како и Кејт, делеше насмевки на првото појавување со кралицата, но повеќе изгледаше како да ѝ е нејзина послушна внука, отколку пријателка. Користеше техники да изгледа слатко, младолико и ранливо додека ја слуша жената речиси 3 пати постара од неа, тврдат експертите.
Од друга страна, Кејт и кралицата изгледаат како да си споделуваат шеги и кога се заедно на настани кралицата ја покажува својата забавна страна.
Прочитајте и каква мајка била Дијана, а каква е Кејт?
С. С. | Црнобело