Меган Маркл во лежерен фустан и невестинските штикли, на венчавка кај внуката на принцезата Дијана (фото)
- Детали
- понеделник, 18 јуни 2018
Војводата и Војвотката од Сасекс викендов присуствуваа на венчавката на внуката на принцезата Дијана.
36-годишната Меган и 33-годишниот Хари изгледаа среќни на семејната, интимна церемонија која се одржа Сент Ендру и Сент Мари црквата во Линколншир.
Модниот избор на Меган Маркл многумина ги изненади. Летниот, лежерен фустан од Oscar de la Renta го искомбинира со бела кралска капа, бела плик чанта и невестинските штикли кои ги носеше на приемот на венчавката.
Папараците не ја пропуштија можноста да го снимат сопнувањето на Меган на влезот, кое за среќа заврши без паѓање:
Додека некои ја критикуваа опуштеноста на фустанот, кој инаку чини 5.490 долари, други сосема го оправдаа изборот, со оглед на тоа што се работи за дневна венчавка.
Принцот Хари пак, носеше ретро костум со сина вратоврска која одговараше на фустанот на Меган.
М. Д. | Црнобело