Зошто Елена Ристеска ја избра токму Малта како летна дестинација? (фото)
- Детали
- вторник, 12 јуни 2018
Многу историја на малку простор плус магични катчиња - ремек дело на природата, Малта како летна дестинација, па зошто да не?
Малта им стана хит дестинација за летен одмор на Македонците. Евтините летови дотаму, пристојните цени во Малта и прекрасната архитектура и природа, дефинитивно ја прават оваа островска земја совршено место за одмор.
И Елена Ристеска ја избра токму Малта. Дека земјата ѝ оставила одличен впечаток говори фактот што пејачката постојано прикачува фотки оттаму, дури и по враќањето дома.
Според светските портали за патување, Малта е совршена дестинација поради љубезните домаќини и фактот дека речиси сите зборуваат англиски, потоа ви се нуди многу историја на малку простор, храмови, музеи и живописна архитектура, одличен избор на хотели и апартмани за сместување, забавни активности како нуркање и качување по карпи, сестринскиот остров Гозо, каде ќе пронајдете вистински мир, одличниот ноќен живот со клубови кои се отворени до раните утрински часови, заливот Сината Лагуна, прекрасните плажи и што уште не.
Дел од фотките на Елена Ристеска кои ја доловуваат атмосферата на Малта:
С. С. | Црнобело