Славни жени кои „процветаа“ со помлади мажи
- Детали
- сабота, 02 јуни 2018
Во прегратките на партнери од кои се постари пет, десет, петнаесет, или, пак, повеќе години, овие познати дами ја пронајдоа вистинската среќа на емотивен план. И докажаа дека годините се само бројка, а љубовта не познава граници.
Многумина ги изненади веста за љубовта помеѓу манекенката Хајди Клум и музичарот Том Каулиц. Убавицата е последна во низата славни жени, кои запловија во врска со помлади мажи.
44-годишната Хајди ужива во идилата со згодниот гитарист на групата Tokio Hotel. А, на двојката ни малку не им пречи разликата од 16 години меѓу нив. Напротив.
Клум е лудо вљубена во 28-годишниот Том. Кога е со него, таа едноставно блеска. Го минуваат секој слободен миг заедно, па скоро продефилираа и на филмскиот фестивал во Кан, по што разменуваа нежности на јахта.
Во светот, а посебно на Балканот, сѐ уште преовладуваат двојните стандарди кога е во прашање возрасната разлика помеѓу партнерите.
Една од жените што смело им пркоси на предрасудите е српската дива Јелена Карлеуша (39). Таа цела деценија е во хармоничен брак со седум години помладиот фудбалер Душко Тошиќ. Совршено функционираат како пар и родители се на две ќерки.
За постарите атрактивни дами кои „ловат“ млади момци, неретко се користи називот „кугуарки“. Русокосата ѕвезда неодамна призна дека истиот го доживува како комплимент:
„Не ме нарекле така, но веројатно го мислат ова за мене. Зошто да не? Тоа е вид на мачка, па им благодарам! Постојат само позитивни страни. Маж ми е брз, способен, здрав и секогаш „може“. Кога го запознав, на него гледав како на некој што е фантастичен избор за татко на моите деца.“
Од домашната сцена, пак, најсвежи ни се сеќавањата за свадбата на пејачката Каролина Гочева (38). Македонската поп принцеза ја круниса љубовта со шест години помладиот уметник Михаил Корубин, кажувајќи го судбоносното „да“ на ланската приватна церемонија.
Кои се и останатите славни жени што „процветаа“ со помлад маж покрај себе? Од поактуелните, како и врските кои го издржааа тестот на времето, ви ги издвојуваме следните:
Џенифер Лопез со шест години помладиот Алекс Родригез...
Камерон Диаз со шест години помладиот Бенџи Маден...
Каролина Гочева со шест години помладиот Михаил Корубин...
Јелена Карлеуша со седум години помладиот Душко Тошиќ...
Ева Мендез со седум години помладиот Рајан Гослинг...
Кејт Хадсон со осум години помладиот Дени Фуџикава...
Шерил Кол со десет години помладиот Лиам Пејн...
Шакира со десет години помладиот Жерар Пике...
Габриел Јунион со десет години помладиот Двејн Вејд...
Мараја Кери со тринаесет години помладиот Брајан Танака...
Кортни Кардашијан со четиринаесет години помладиот Јунес Бенџима...
Северина со петнаесет години помладиот Игор Којиќ...
Хајди Клум со шеснаесет години помладиот Том Каулиц...
М. А. | Црнобело