Го отследи сопругот и ги избриша сите фотки на Инстаграм: Што се случи со Блејк Лајвли?
- Детали
- петок, 04 мај 2018
Рајан Рејнолдс проговори во интервју на радио, изјавувајќи дека е „тажен и вознемирен“, откако на социјалната мрежа изгуби еден посебен следбеник – неговата жена. Причината што ја наведе американската глумица на ваков драматичен потег е мошне необична.
Во дневна потрага по инспирација, многумина редовно го посетуваат профилот што Блејк Лајвли (30) го има на Инстаграм.
Но, со својата последна одлука, холивудската миленичка го шокираше светот.
Имено, популарната американска глумица ги избриша буквално сите фотографии на споменатата социјална мрежа.
Истовремено, таа ги отследи и сите познати пријатели. Дури и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс (41).
„Да, таа го направи тоа. Многу сум тажен. Искрено, ова е ужасен начин да дознаете дека сте избркани од дома. Како ќе им објаснам на децата? Не знам од каде потекнува сиот гнев.“, изјави неодамна Рејнолдс.
Ѕвездата ги задржа дваесетте милиони следбеници, a самата следи само триесетина девојки по име Емили Нелсон. Зошто?
По стапките на Тејлор Свифт, која го направи истиот чекор за да го најави новиот албум, Блејк Лајвли се одлучи за вакoв драматичен потег, исклучиво поради промоција на новиот филм „A Simple Favor“.
За нештата да бидат појасни, станува збор за трилер во кој актерката го толкува ликот на Емили Нелсон – девојка што мистериозно исчезнува од мало американско гратче.
Во описот на празниот профил, таа и прашува: „Што се случи со Емили?“ .
https://www.instagram.com/p/BiRqOyxATfA/?hl=en&taken-by=blakelively
Луѓето беа збунети. Првин сите се прашуваа што всушност се случи со Лајвли, а сега со нетрпение очекуваат да го погледнат филмот на големото платно.
Па, нема сомнеж дека Блејк успеа во намерата. Сепак, мора да признаеме дека веќе ни недостасуваат прекрасните модни комбинации на актерката.
Вредеше ли?! Останува времето да покаже.
М. А. | Црнобело