10 докази дека Анџелина Џоли живее со полн здив по разделбата од Бред Пит
Нема слободно време, но вели дека тоа ѝ се допаѓа
Со 6 деца, интензивна кариера, борба за човекови права и хуманитарна работа низ целиот свет, Анџелина Џоли нема многу време за себе.
Таа изјави дека дури и кога ќе појде да се капе завршува со две од децата во кадата со неа, но тоа ѝ причинува задоволство.
Зема часови за готвење, по барање на нејзините деца
Џоли вели дека само сака да им приготви соодветен појадок на децата и да ја одржува куќата во ред.
На барање од децата си ги подобрува кулинарските способности и најважното прашање што си го поставува навечер е „Дали бев доволно добра мајка денес?“.
Се смири со нејзиниот татко
Ја изгуби врската со Бред Пит, но ја обнови онаа со татко ѝ. Имаа комплициран однос со години, но сега сфатила дека на нејзините деца им е потребен дедо, дури и по цена да направи некоја грешка од време навреме.
Отворено проговори за својата здравствена состојба
Џоли вели дека жените со семејства понекогаш се ставаат себеси на последното место и тоа знае да ги истошти емоционално и физички.
Се соочува со повеќе здравствени проблеми, но порачува дека низ сè мора да се мине со насмевка на лицето и љубов во срцето.
Не сака да зборува за Бред Пит, но вели дека имаат иста цел
Не говори многу за поранешниот сопруг, но во една пригода изјави: „Се грижиме еден за друг и се грижиме за нашето семејство и работиме за иста цел. Децата мора да знаат дека сè ќе биде во ред, дури и кога вие не сте сигурни дека ќе биде така.“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





