Бизарни козметички процедури, благодарение на кои ѕвездите изгледаат совршено
- Детали
- вторник, 01 мај 2018
Славните жени секогаш се пример за сите останати со нивниот совршен изглед.
Но, за да го постигнат тие, дамите се подложни на најразлични козметички процедури и третмани, кои им помагаат да блескаат.
Секако, повеќето од нив се скапи, а можеби и недостапни кај нас, но ѕвездите можат да си дозволат сè кога е во прашање нивната убавина.
За некои од нив навистина ќе се зачудите, но погледнете како ѕвездите се разубавуваат и на какви бизарни третмани се подготвени:
Кога Кејт Хадсон сака набрзина да ја освежи кожата, влегува во када полна со мраз.
Деми Мур одвреме навреме практикува хирудотерапија, со помош на пијавици – чудно, но очигледно делува.
Викторија Бекам ужива во корејска маска со измет од славеј, за да ја осветли кожата и да се ослободи од акните.
Козметичарката на Хајли Болдвин зема крв од нејзината рака, ја става во машина и ја одвојува плазмата пред да ја стави во крема за навлажнување на кожата.
Кејт Бланшет прави микро инјекции со матични клетки извлечени од кожичка на пенис, а според неа и нејзиниот козметичар, тоа е одличен начин за борба против стареење на кожата.
Ким Кардашијан имала процедура наречена „вампирско лице“, а за време на истата, докторот зема крв од прстот на пациентот, вади тромбоцити и ги става под кожата на лицето за подобра еластичност. Подоцна и самата Ким призна дека не би го направила повторно.
За косата на Кетрин Зита Џонс да биде сјајна, таа откри дека користи домашна маска од пиво и мед, но открива и дека косата долго потоа мириса на пиво.
За лицето на Џеј Ло да биде блескаво и младо, таа користи колагенски маски со човечка плацента, кои ја навлажнуваат кожата и ја зголемуваат еластичноста.
Ферги како замена за ботокс практикува третмани со вештачка верзија на отров од змија, која е развиена да го имитира ефектот на парализа на истиот, а со тоа кожата се релаксира.
М. М. | Црнобело