9 пати кога ѕвездите го потсетија светот колку многу пари имаат
- Детали
- вторник, 24 април 2018
Славните личности често знаат да бидат мета на медиумите заради луксузите кои си ги дозволуваат себеси, или на своите деца.
Па така, јавно се знае кои се луксузните подароци за породување на славните, или пак, кои се екстремно скапите работи кои Бијонсе и Џеј Зи им ги купуваат на децата.
Понекогаш, е во ред да си дозволат луксуз, бидејќи имаат можност за тоа, но додека постојат ѕвезди со скромни навики и покрај богатството, има и такви кои непотребно го расфрлаат.
Погледнете кои се ѕвездите кои се потрудиле да покажат и да потсетат колку многу пари за расфрлање имаат:
По долг ден, Опра Винфри ужива во топла купка во када која е рачно изработена од мермер и оникс по формата на нејзиното тело.
Гвинет Палтроу смета дека е сосема разумно да потроши 300 долари на ден на намирници.
Бил Гејтс нема поим колку пари чинат основни намирници. Тој мисли дека кеса со мини пица лиснати чини 22 долари.
Џони Деп месечно „фрла“ 30.000 долари на вино, плус, не сака да лета со било кој авион освен неговиот личен, кој го чини 200.000 долари месечно.
Кучињата на Парис Хилтон живеат во двокатна палата за кучиња, опремена со клима уред, греење, дизајнерски мебел и амбиентално осветлување.
Мараја Кери наводно троши 100.000 долари месечно на егзотични цветови.
Фифти Сент си има направено мала масичка од банкноти која ја има објавено на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/pmGHmCsL4c/?utm_source=ig_embed
Секојдневната рутина за нега на кожа на Викторија Бекам чини 1.740 долари.
Порцеланските мобилни тоалети на свадбата на Челси Клинтон чинат повеќе од цели свадби на „обичните“ луѓе, односно 15.000 долари.
М. М. | Црнобело