10 богати ѕвезди кои имаат скромни навики
- Детали
- среда, 06 септември 2017
Многу луѓе мислат дека големото богатство е секогаш поврзано со луксузни и огромни домови, скапи автомобили, јахти и други луксузни работи.
Но, не секогаш парите го менуваат животот на човекот, иако со повеќето тоа е случај.
Можеби нема да ви се верува, но има многу славни личности кои се богати, а тоа не го покажуваат како некои други.
Погледнете кои се ѕвездите кои се богати, а сепак водат скромен живот:
Хали Бери
„Штедам многу бидејќи сум загрижена дека еден ден можеби мојата кариера ќе заврши“. Актерката често може да биде забележана во продавница како и секоја домаќинка која пазари храна и се шета со децата.
Патувањето со јавен превоз исто така е нешто со што другите холивудски ѕвезди не можат да се пофалат.
Кејт Мидлтон
Војвотката од Кембриџ носи облека од обични брендови кои речиси секој може да си ги дозволи, а исто така таа истите парчиња облека ги носи по повеќепати на различни места исто како и сите „обични“ луѓе.
Сара Џесика Паркер
Стилот на Сара Џесика Паркер во приватниот живот е многу поразличен од оној на Кери во Sex and the City. Таа преферира едноставна облека и не се разликува од мнозинството.
За нејзините деца таа има посебен став: „Син ми носи облека од неговите братучеди. Плус, мајка ми има зачувано облека од брат ми. Не лажам, навистина. Не купувам облека за него, освен топла јакна и чевли.“
Кијану Ривс
Актерот многу од парите кои ги добива како награда или бонус ги дава на останатите луѓе од екипата како што се шминкерите, каскадерите итн.
„Парите кои ги имам заработено ми се доволни да живеам без проблеми уште неколку века.“
Тој без проблем користи јавен превоз, купува работи на попуст и може да биде забележан како седи на скали во парк повеќе отколку во ресторан.
Џулија Робертс
Една од најуспешните актерки во Холивуд се облекува едноставно, одгледува зеленчук во својата градина, а омилен производ за нега на косата ѝ се шампоните од хотелите.
Џенифер Лопез
Џеј Ло на црвениот тепих за American Idol се појави во фустан од 26 долари (или 21 евро). И ова не е единствениот пат кога пејачката се појавила во облека од обични брендови, иако според Forbes таа заработува 34 милиони долари (28 милиони евра).
Тори Спелинг
Ѕвездата на ’90-тите ја продаде луксузната куќа пред неколку години и се пресели во бунгалови. Во градината, актерката одгледува зеленчук и овошје за семејството. Исто така, Тори чува невообичаени домашни миленичиња, односно кокошка и прасе, кои се дел од нејзиното семејство.
Ингвар Кампрад
Еден од најбогатите луѓе на светот, основачот на Ikea, лета во економска класа и купува облека на попуст или на старо. Тој смета дека штедењето е добра навика, а трошењето на скапи и непотребни работи, лоша.
Џ. К. Роулинг
До 2012, сумата на заштедените пари на писателката надминуваше милијарда долари, но многу од нив ги даде на хуманитарни цели. Според неа, таа живее мирен живот кој дури може да се нарече и здодевен, токму каков што таа сака.
Лејди Гага
На сцена пејачката дефинитивно изгледа екстравагантно, но во приватниот живот таа е сосема нормална девојка. Носи облека од обични секојдневни брендови, која некогаш ја купува на попуст. Таа често си готви сама за себе секакви јадења.
М. М. | Црнобело