Како некои ѕвезди го користат Холивуд за да го направат светот подобро место за живот?
- Детали
- среда, 18 април 2018
Анџелина Џоли се бори за правата на децата, Ема Вотсон за правата на жените, а Леонардо ди Каприо за заштита на околината и природните ресурси.
Тие имаат завидни кариери и армија фанови ширум светот. Но холивудската слава ја користат за нешто многу моќно, за нешто многу човечно.
Овие ѕвезди преку своите залагања и хуманитарна работа се трудат да го направат светот подобро место за живот.
Кои ѕвезди се најголеми хуманитарци?
Леонардо ди Каприо
Актерот со години донира пари за заштита на околината и говори јавно за сериозните проблеми со загадувањето и искористувањето на природните ресурси.
Во неговиот дом користи соларна енергија и вози електричен автомобил за да ја заштити околината од загадување.
Ема Вотсон
Уште од тинејџерските години актерката работи на заштита и унапредување на правата на жените.
Говори за еднаквоста на мажите и жените и тоа не само во Америка, туку во целиот свет.
Опра Винфри
Опра донираше многу пари и вложи многу енергија во борбата за правата на жените и борбата за правата на Афроамериканците.
Таа ги охрабрува жените да проговорат за сексуалната злоупотреба и помага во овозможување на едукациски процес и на луѓето што живеат во најзафрлените делови на светот. Дефинитивно е еден од најголемите филантропи на денешнината.
Мет Дејмон
Актерот се бори за зачувување на природните ресурси, најмногу водата. Тој е бесен што светот ја зема здраво за готово оваа придобивка.
Тој основаше и фондација, која им обезбедува вода на луѓето во оние делови од светот каде немаат пристап до чиста вода.
Анџелина Џоли
Џоли е позната како огромна хуманитарка која се грижи за сите нации и посвојува деца од различни земји. Таа се зазема за подобро здравје, безбедност и едукација на сите деца на светот и се бори за правата на жените.
Од Еквадор до Либан и Ирак, актерката постојано патува и посетува бегалски кампови, реони погодени од природни непогоди, револуции и што уште не. Невозможно е да се најде некој со поголема посветеност на хуманитарната работа од неа.
Прочитајте за животната приказна на една од најголемите хуманитарки - Била силувана на 9 години, свршена е со партнерот 25 години: Факти за Опра Винфри!
С. С. | Црнобело