Ѕвезди кои знаат како да се носат со нивните недостатоци во изгледот
- Детали
- среда, 11 април 2018
Кратки нозе, неправилни женски облини, вишок тежина – со сите овие проблеми се соочуваат и славните личности и никој од нив не е целосно совршен.
Секој од нив има по некој недостаток, некои од нив ги мразат, а други пак, знаат гордо да ги носат на себе.
И покрај несовршеностите тие се популарни, а голем дел од нив важат за атрактивни.
Погледнете кои ѕвезди со какви недостатоци се соочуваат, но знаат да се носат со нив и изгледаат прекрасно:
Емилија Кларк
Актерката е висока само 1.57 m, но иако не ги исполнува „стандардите“ за холивудска убавина и многу луѓе велат дека има и прекумерна тежина, сепак таа изгледа совршено.
Жизел Бундшен
Долги нозе и тенко тело, но и покрај овие атрибути, сепак таа нема правилна облина и нејзиното тело е рамно, што и не е совршено за модел за долна облека.
Сепак, и за ова правило постои исклучок, па со правилна облека, таа знае да го сокрие тоа и да изгледа прекрасно.
Клое Грејс Морец
Таа има многу широки и големи рамена, како и краток врат, а оние кои не ѝ се големи фанови, често ја споредуваат со Сунѓерот Боб.
Сепак, таа не се грижи за коментарите и продолжува да го носи тоа што неа ѝ се допаѓа без разлика дали со тоа го истакнува нејзиниот недостаток.
Ким Кардашијан
Ким е една од жените кои успеваат големите мани на телото да ги претворат во предност.
Широките колкови и големиот задник стана нејзин заштитен знак и е посакуван од многу жени, иако на некои други тоа можеби би изгледало смешно.
Ума Турман
Таа е прекрасна и висока жена, но нејзиниот недостаток се големите стапала. Сепак, таа нема проблем со тоа и лесно бира чевли без штикла.
Лејтон Мистер
За разлика од некои нејзини колешки кои имаат идеална фигура, таа не може да се пофали со идеални и згодни нозе. Таа не се грижи за тоа и бира облека која ѝ се допаѓа и во која сепак изгледа одлично.
Ребел Вилсон
Таа покажува како изгледа да се биде поразличен секојдневно и докажува дека ако сте талентирани, не е важно како изгледате.
Forbes ја прогласи за најперспективна актерка во Холивуд, па кому е грижа кој број на облека таа носи?
М. М. | Црнобело