Знаци кои покажуваат дека Клои ќе биде најдобра мајка од сите Кардашијан-Џенер сестри
- Детали
- вторник, 03 април 2018
Според предвидувањата, се очекува Клои Кардашијан да го роди нејзиното прво дете кон средината на април.
Неодамна се породи и Кајли Џенер, а Ким го доби третото дете од сурогат мајка, па нивните деца ќе можат да бидат и најдобри пријатели, на што се многу горди, како што има Клои изјавено.
И покрај тоа што Ким и Кортни се веќе искусни мајки, а Кајли има мала предност пред неа, сепак се предвидува дека Клои ќе биде најдобра мајка од сите нив.
Но, има и многумина кои сметаат дека нема да биде толку совршена мајка бидејќи растела со лош пример, мислејќи на Крис, која важи за одличен менаџер, но не толку добра мајка.
Овојпат гледаме на позитивната страна и на оние кои сметаат дека има многу знаци кои укажуваат кон тоа дека таа ќе биде искусна и посветена мајка.
1. Клои чекаше да биде подготвена за овој чекор со години и со нетрпение го дочека среќниот момент.
2. Таа ужива во секој миг од нејзината бременост и изгледа совршено.
3. Има многу внуци кои растат покрај неа и ќе има големо искуство и пракса кога ќе дојде нејзиното дете на свет.
4. Се смета дека таа има најголема смисла за хумор од сите сестри, а нејзините внуци докажале дека таа знае како да извлече насмевка од нив.
5. Поминува многу време со деца и ги разбира сите мали ситници кои некој што немал допир со деца не може да ги сфати.
6. Таа се сложува со сите од нејзиното потесно и пошироко семејство, сите членови ја ценат на посебен начин, знае да биде медијатор помеѓу нив кога ќе се скараат, а тоа значи дека има добри особини кои ќе ѝ бидат корисни и како мајка.
7. Клои го цени семејството и тоа и е од најголема важност, секогаш наоѓа начин да помине време со нив заедно, како и одвоено и ги негува семејните односи, што е одлична мајчинска карактеристика.
8. Таа има голема група која ја поддржува, а тоа е нејзиното големо семејство. Тие може да ѝ помагаат на различни начини, независно дали за чување и одгледување деца, за споделување совети и проблеми и слично, а да не заборавиме дека има и огромна поддршка од фановите.
9. Постојано е активна и го одржува нејзиното тело и во бременоста, а тоа што е посветена на здравјето е уште еден знак дека ќе биде добра мајка која ќе го научи така и детето.
М. М. | Црнобело