Џенифер Лопез и Алекс Родригез го купија својот прв заеднички дом (фото)
- Детали
- четврток, 29 март 2018
Луксузниот апартман во Њујорк има неверојатен поглед, одличен ентериер и ќе биде дом на Џенифер, Алекс и нивните деца.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез започнаа да се состануваат во 2017 година. Една година подоцна, тие го купија својот прв дом заедно.
Пејачката и пензионираниот бејзбол играч платија околу 15 милиони долари за голем, луксузен апартман во Њујорк. Нивниот нов дом има неверојатен поглед кон Централ Парк во Њујорк.
Има 3 спални и 4 тоалети. Оваа ексклузивна зграда, според пишувањата на магазинот „The Wall Street Journal“, има огромен затворен базен, приватен ресторан, фитнес центар и низа други погодности.
Инаку, Џенифер го стави на оглас за продажба нејзиниот претходен дом во Њујорк со цена од 27 милиони долари. Овој дом таа го купи во 2014 година за 20 милиони долари.
Богатството на Џенифер е проценето на 360 милиони долари, а богатството на Алекс, по пензионирањето во 2017, е проценето на 480 милиони долари.
Двајцата имаат по две деца од претходните бракови.
Како изгледа нивниот прв заеднички дом:
С. С. | Црнобело