Чудни работи кои дадилките на славните мораат да ги прават
- Детали
- понеделник, 26 март 2018
Тешко е да бидеш родител без помош од дадилка, но уште потешко е да бидеш дадилка во кругот на ѕвездите и нивните деца.
Ако сакаат да останат во бизнисот, дадилките на славните мора да исполнат некои чудни побарувања.
Како на пример:
Ако децата на Анџелина Џоли среде ноќ сакаат да останат будни и да гледаат телевизија – и дадилката мора да биде будна и да ја следи програмата.
Ким Кардашијан и Канје Вест се многу строги кога се работи за нивниот сон, па така дадилките не смеат да дозволат децата да ги разбудат додека тие спијат.
Џулија Робертс смета дека дадилката треба да носи перика слична на нејзината коса, за кога не е близу до своите деца, да ги потсетува на неа.
Ако сакате да бидете дадилка на Кортни Кардашијан, ќе мора да ѝ се обраќате со „госпоѓо“, но и да правите работи кои не се ваша работа - односно делумно да бидете и чистачка.
Дадилките не смее да ги гушкаат и бакнуваат децата на Хали Бери.
Дадилките на Џесика Симпсон пак, не смее да изгледаат подобро од неа, односно внимателно ги бира дадилките според изгледот.
Шарлиз Терон не сака дадилките да ѝ се обраќаат, ниту да ја погледнат додека работи.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





