Кралицата Елизабета првпат се појави на Модната недела во Лондон (фото)
- Детали
- среда, 21 февруари 2018
На 91 година, кралицата Елизабета за првпат присуствуваше на Модната недела во Њујорк.
Почит му оддаде на Richard Quinn и неговото модно шоу за есен 2018-та.
Кралицата имаше почесно седиште во првиот ред, со специјално перниче на него, веднаш до Ана Винтур.
Ана Винтур во оваа ситуација се соочи со многу бесни и лути коментари, бидејќи не ги тргнала очилата за сонце. Иако темните очила за сонце се нејзин заштитен знак и неизоставен дел од секој стајлинг, сепак многумина сметаат дека можела да направи исклучок, од почит кон кралицата.
Облечена во пастелно сино палто и здолниште дизајнирани од Angela Kelly, нејзината лична асистентка и дизајнерка, ги следеше моделите кои дефилираа на пистата.
По завршувањето на шоуто, на дизајнерот му ја додели наградата Queen Elizabeth II како препознатливост за оригиналност и придонес во британската мода.
М. Д. | Црнобело