Клои Кардашијан за сексот во бременоста: „Интересно е, но и некомфорно“
- Детали
- понеделник, 19 февруари 2018
Реалити ѕвездата на почетокот ја криеше бременоста, но сега откри интимни детали дека сексот во третото тримесечје не е најпријатното искуство на светот.
Клои Кардашијан ја криеше долго време бременоста со својот сакан Тристан Томпсон, но откако ја објави убавата вест, реалити ѕвездата започна да споделува и најинтимни моменти.
Клои откри детали за својот сексуален живот за време на бременоста:
„Секогаш сум слушала дека жените се екстра возбудени кога се бремени и за мене ова е интересно искуство. Во почетокот на бременоста, сексот беше ист.
Но, како што влегов во третото тримесечје и станував поголема, ми стануваше сè потешко, понепријатно и понекомфорно да имам секс“, откри таа, но додаде дека нејзиниот партнер Тристан постојано ѝ дава поддршка и прави да се чувствува прекрасно за време на бременоста.
„Тристан никогаш не дозволи да се почувствувам поинаку од претходно. Сигурна сум дека и на мажите им е непријатно да имаат секс со бремена жена. Лично и мене ми е непријатно и сум несигурна.
Не можете да се движите како претходно, па се чувствувате бескорисни за време на сексот. Но, треба само да импровизирате и да дадете сè од себе“, отворено изјави таа.
Клои треба да се породи на крајот од март или почетокот од април.
Постари фотки од вљубениот пар:
С. С. | Црнобело