Славни дами на кои една операција им го промени личниот опис
- Детали
- недела, 18 февруари 2018
Естетската корекција на носот претставува еден од најбараните зафати во пластичната хирургија ширум светот. Особено помеѓу богатите и славните.
Смалувањето на носот може драматично да го измени изгледот на лицето. Ова го докажаа повеќе жени од светот на музиката и филмот, кои на своја кожа ги почувствуваа резултатите од трансформацијата.
Меѓу нив е и глумицата Џенифер Греј (57), која по подемот со филмот „Dirty Dancing“, одлучи да се подложи на естетска корекција на носот. Пластичната операција помина успешно, што не може да се каже и за нејзината кариера. Напротив – ја уништи.
Актерката до таа мера го смени личниот опис, што стана непрепознатлива. А, како последица на тоа, престана и да ги добива посакуваните улоги.
Кои се ѕвездите кои ѝ се придружуваат на листата? Ним оваа операција не им ја загрози славата, но секако се одрази на нивниот лик.
Погледнете како изгледаа пред и после корекцијата на носот неколку познати дами:
Џенифер Анистон
Блејк Лајвли
Мајли Сајрус
Џенифер Греј
Бритни Спирс
Гвен Стефани
Викторија Бекам
Адел
Скарлет Јохансон
Кејт Хадсон
Салма Хајек
Ешли Симпсон
М. А. | Црнобело