Инвазија на Инстаграм: Зошто е полн со стаорци профилот на манекенката Карли Клос?
- Детали
- сабота, 17 февруари 2018
Ова не е прв ваков случај на социјалната мрежа, а повторно има врска со името на една позната пејачка.
Манекенката Карли Клос се најде на мета на разбеснетите фанови на Тејлор Свифт, откако беше фотографирана како придружба на нејзината ривалка Кети Пери.
Иако пејачката беше со обете во мошне добри односи, Кети Пери веќе некое време се наоѓа на листата за најголеми непријатели на Тејлор Свифт, веднаш после Ким Кардашијан и Канје Вест.
Конфликтот помеѓу двете колешки започна во 2014 година, кога Пери наводно се обидела да ја саботира турнејата на Тејлор. Свифт, пак, подоцна призна дека Кети ѝ послужила како инспирација за песната „Bad Blood“.
А, поради тоа што беше забележана во нејзино друштво, сега профилот на славната убавица Карли Клос на социјалната мрежа Инстраграм, затрупан е со емотикони на стаорци, но и змии и глувци, речиси под секоја објава.
Пред неколку месеци ѝ се случи истото и на старлетата Ким Кардашијан, со која пејачката повеќе години води медиумска војна.
А, ни сопругот Канје Вест не е исклучок, откако на доделувањето на наградите MTV VMA 2009, тој се качи на сцената и ја обвини Тејлор дека ѝ ја „украла“ статуетката на Бијонсе.
Која и да е ѕвездата што ќе се поткачи со Тејлор, црно ѝ се пишува. Дури и да не ѝ посвети лоша песна, може да очекува инвазија на стаорци од нејзините обожаватели:
М. А. | Црнобело