Ѕвезди кои отворено признаваат дека се бореле со анксиозност и депресија

Стресот, анксиозноста и депресијата стануваат сè почеста појава во секојдневието на модерното општество.

dzvezdi-koi-otvoreno-zboruvale-za-problemite-koi-gi-iskusile-so-anksioznosta-i-depresijata-01.jpg

Токму затоа, на таа тема треба да се пристапува отворено со цел полесно да се решаваат проблемите со позитивен исход.

Тоа не е табу тема, а постои и помеѓу светските ѕвезди, кои го признале нивниот проблем и отворено зборувале за тоа.

Погледнете кои ѕвезди се бореле со проблеми со менталното здравје и што изјавиле за тоа:

Кендал Џенер

„Имам проблеми со анксиозност заради сè што се случува и буквално се будам во среде ноќ со панични напади. Од каде да почнам? Сите работи се ужасни. Мислам дека на светот му треба повеќе љубов. Би посакала да имам моќ да го пратам Купидон низ планетата, колку и да звучи глупаво. Сите кажуваат лоши работи еден за друг и тешко е негативноста да не ве обземе.“

dzvezdi-koi-otvoreno-zboruvale-za-problemite-koi-gi-iskusile-so-anksioznosta-i-depresijata-02.jpg

Адел

„Можам многу лесно да влезам и излезам од депресија. Имав многу лоша депресија откако го родив синот и тоа ме преплаши. Не зборував со никого за тоа. Четири од моите пријателки се чувствувале исто како мене и сите се срамеле да зборуваат за тоа.“

dzvezdi-koi-otvoreno-zboruvale-za-problemite-koi-gi-iskusile-so-anksioznosta-i-depresijata-03.jpg

Криси Тајген

„Едноставно не мислев дека би можело да ми се случи мене. Имав одличен живот. Ја имав целата помош што ми беше потребна – Џон, мајка ми која живее со нас и дадилка. Но, постпородилната депресија не дискриминира никого. Не можев да ја контролирам. И затоа ми требаше толку долго за да проговорам за тоа. Бев себична и ми беше чудно да кажам на глас дека се борам. Понекогаш уште ми е.“

dzvezdi-koi-otvoreno-zboruvale-za-problemite-koi-gi-iskusile-so-anksioznosta-i-depresijata-04.jpg

Бијонсе

„Почна да станува нејасно и матно - не можев да кажам кој ден е или во кој град бев. Седев на церемонии и ми даваа награди, а јас само размислував на следниот настап. Мајка ми беше многу упорна и постојано велеше дека треба да се грижам за менталното здравје.“

dzvezdi-koi-otvoreno-zboruvale-za-problemite-koi-gi-iskusile-so-anksioznosta-i-depresijata-05.jpg

Ема Стоун

„Првиот пат кога имав паничен напад, седев во домот на пријател и мислев дека куќата гори. Ѝ се јавив н мајка ми и ме однесе дома, а оттогаш следните 3 години тоа не престана. Ја прашував мајка ми да ми каже како ќе изгледа денот и по 30 секунди повторно истото прашање. Едноставно морав да знам дека никој немаше да умре и дека ништо нема да се промени.“

dzvezdi-koi-otvoreno-zboruvale-za-problemite-koi-gi-iskusile-so-anksioznosta-i-depresijata-06.jpg

Двејн Џонсон

„Открив дека со депресијата, една од најважните работи кои може да ги сфатите е дека не сте сами. Не сте првиот ниту последниот кој минува низ тоа. И понекогаш, се случува - се чувствувате како да сте сами. Како да сте само вие. Вие сте во вашиот балон. И посакувам да имаше некој тогаш кој ќе ме тргнеше настрана и ќе ми кажеше дека ќе биде добро. Посакувам да го знаев тоа.“

dzvezdi-koi-otvoreno-zboruvale-za-problemite-koi-gi-iskusile-so-anksioznosta-i-depresijata-07.jpg

Кери Вашингтон

„Го кажувам тоа јавно бидејќи мислам дека е важно да се отстрани стигмата од менталното здравје. Мојот мозок и срце ми се многу важнии. Не знам зошто не барав помош за овие работи да ми бидат здрави исто како забите. Одам кај стоматолог, па зошто да не одам кај психијатар?“

dzvezdi-koi-otvoreno-zboruvale-za-problemite-koi-gi-iskusile-so-anksioznosta-i-depresijata-08.png

Принцот Хари

„Поминав поголем дел од животот велејќи дека сум добро. Можам слободно да кажам дека тоа што ја изгубив мајка ми на 12 години и што ги затворив сите мои емоции последниве 20 години имаше сериозен ефект, не само врз мојот личен живот, туку и врз професионалниот. Веројатно бев многу блиску до целосно кршење и распаѓање во неколку ситуации.“

dzvezdi-koi-otvoreno-zboruvale-za-problemite-koi-gi-iskusile-so-anksioznosta-i-depresijata-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg