Кајли Џенер го откри името на нејзината ќеркичка

Со прекрасна фотографија на Инстаграм Кајли Џенер откри како ќе се вика нејзината ќеркичка.

kajli-dzener-go-otkri-imeto-na-nejzinoto-prvo-dete-01.jpg

Кајли Џенер објави фотографија на Инстаграм на која го држи рачето на својата ќеркичка и го напиша нејзиното име.

„Stormi Webster“ (Сторми Вебстер) гласеше описот на фотографијата и со тоа младата реалити ѕвезда откри дека нејзината мала принцеза ќе го носи токму ова име.

Вебстер е вистинското презиме на нејзиното момче, односно таткото на детето, Тревис Скот.

Но, како дојдоа до Сторми?

Извор близок до парот вели дека одлуката за името била донесена веќе некое време, отприлика пред 20-тиот роденден на Кајли затоа што персоналот на Кајли кога посетил една продавница за бебиња во Лос Анџелес купиле повеќе работи за бебето, меѓу кои и креветче на кое било напишано името „Сторми“.

Сè уште нема конкретно објаснување како дошле до идејата за ова необично име и единствената асоцијација е дека потекнува од зборот „storm“ (бура).

Семејството Кардашијан е познато по изборот на нетипични имиња за нивните најмали.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Дејвид Бекам сече мисирка, Северина со семејството: Како познатите го прославија католичкиот Божиќ? Кардашијанс се пофалија со скапите подароци, Џеј Ло прослави со децата и сестра ...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Не сакам да верувам дека се пар“: Зошто фановите на Тимоти Шаламе ја мразат Кајли Џенер? Иако се заедно веќе две години, фановите на Тимоти Шаламе до денес ја критикуваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg