Најубавите изјави на семејството Кардашијан за семејните врски
- Детали
- среда, 24 јануари 2018
Тие велат дека без разлика како другите гледаат на нив, ним на прво место им е семејството и не би можеле да замислат што би правеле едни без други.
Во семејството Кардашијан периодов има „бејби бум“.
Неодамна Ким Кардашијан и Канје Вест го добија своето трето дете, а бремени се Клое Кардашијан и Кајли Џенер.
Семејството Кардашијан станува сè поголемо, па токму затоа одлучивме да се потсетиме на нивните најубави цитати кажани на оваа тема:
„Повеќето луѓе ги гледаат своите семејства на празници. Ние се гледаме секој ден затоа што тоа е дел од нашата работа. Нашето шоу нè зближи многу и сведочиме моменти од животите едни на други, што во поинаков случај, ако имавме различни професии во индивидуални простори, немаше да се случи“, Клое Кардашијан.
„Штета што мојот татко повеќе не е тука затоа што навистина би сакала моите деца да го запознаат, но верувам дека неговиот дух нè гледа постојано. Тоа е навистина убаво чувство на сигурност. Некој ден ќе ги извадиме старите семејни видеа и ќе ги гледаме сите заедно“, Кортни Кардашијан.
„Кога се појави идејата за нашето шоу, сите бевме за. Сите мислевме дека ќе биде големо изложување на приватноста, но не мислевме дека ќе трае долго, а сега имаме 10 сезони. Мислам дека луѓето го сакаат тоа, дека и покрај сè сме семејство“, Ким Кардашијан.
„Не мислам за нас како за Кардашијанови. Мислам за нас како за семејство. Најверојатно на многумина им е тешко да го разберат тоа, но за мене е нормално“, Кендал Џенер.
„Искрено, ако го немав семејството во мојот живот и минував низ сè сама, не знам што ќе правев“, Кајли Џенер.
„Се молев некоја од вас девојки да има бебе и сега работата како да тргна и не сака да сопре. Фактот дека ги имам сите овие внучиња и прекрасното патување на моите деца до улогата родители е магично затоа што тоа е вистинската смисла на животот“, Крис Џенер.
„Моите сестри ме израснаа заедно со моите родители и Кајли и јас учевме од нивните грешки. Гледавме како тие го прават тоа пред ние да го направиме. Мојата мала сестра и јас правиме наши грешки, но барем сме свесни на што треба да внимаваме“, Кендал Џенер.
Колку и да се емотивни со изјавите за семејните врски, членовите на семејството Кардашијан понекогаш лажат во име на шоубизнисот и славата. Нивните најголеми откриени лаги ТУКА!
С. С. | Црнобело