Бил бездомник, раскинал свршувачка: Факти за свршеникот на Парис Хилтон
- Детали
- четврток, 04 јануари 2018
Верувале или не, прстенот што ѝ го купил на Парис Хилтон вреди повеќе од целото негово богатство...
Парис Хилтон во последниве неколку дена е во фокусот на медиумите по свршувачката со нејзиното момче Крис Зилка.
Таа вели дека е пресреќна што ќе го мине животот со него, а заокружување на нивната љубов е огромниот дијамантски прстен од 2 милиони долари. На него има огромен 20-каратен дијамант во форма на круша и изработен е од Мајкл Грин, ескперт за дијаманти и изработувач на накит за славните.
Запросувањето се случило на скијање на Аспен среде прекрасните снежни планини.
Но, најинтересната работа околу свршувачкиот прстен, е што тој вреди 2 милиони долари, а целото богатство на Крис е проценето на 1 милион. Очигледен е притисокот што го чувствувал Крис што за жена ја бара наследничката на синџирот Хилтон хотели. Дури и нејзините кучиња имаат своите приватни мини апартмани, па логично е да има високи очекувања.
Крис целото запросување го направил во традиционален стил. Од сличноста на прстенот на Парис со свршеничкиот прстен на мајка си, кој таа го обожавала, до барањето дозвола од нејзиниот татко за да ја запроси.
Инаку Крис Зулка (32) е американски модел и актер, но има и украинско потекло. Се има појавено во низа филмови и серии како: Everybody Hates Chris, Hannah Montana, Cougar Town, 10 Things I Hate About You, The Secret Circle, The Leftovers итн.
Крис бил свршен со моделот и дизајнерка Hanna Beth Merjos во април 2014 година, но ја раскинале свршувачката во мај 2015, наводно поради афера од нејзина страна. Тие имале жестоки препукувања на Твитер.
Учел на Универзитетот во Толедо, но го напуштил и се преселил во Калифорнија да го брка својот сон да стане актер. Во едно интервју за магазинот Out во 2012 година изјавил дека бил бездомник, сè додека не го открил неговиот менаџер додека работел во еден ресторан.
Тој го истетовирал името на Парис на раката, само неколку месеци откако започнале да се состануваат.
С. С. | Црнобело