Била тенисерка, имаат 4 деца, ја исмеваат за стилот: Мирка е двигателот на Роџер Федерер
- Детали
- петок, 29 декември 2017
Таа не им робува на трендовите и глува е за критиките на нејзиниот стил. Мирка е моќна жена со свој став.
Мирка Федерер (39) на целиот макотрпен пат е покрај својот сопруг Роџер, додека тој поставуваше нови стандарди во тенисот и стана неспорно најдобриот машки тенисер на сите времиња.
- Но, можеби не сте знаеле дека и Мирка имала кариера во тенисот сè додека една повреда не ја натерала да се пензионира предвреме.
- Мирка ја претставувала Швајцарија за време на својата тениска кариера, но таа всушност е родена во Словачка. Во Швајцарија се преселила со семејството на 2-годишна возраст.
- Мирка била дел од Олимписките игри и од најзначајните тениски натпревари како US Open, Wimbledon, French Open и Australian Open. Некогашната тенисерка има постигнато низа успеси на овие настани.
- Таа во голема мера ги раководи односите со јавноста на нејзиниот сопруг.
- Дел е од од публиката на сите важни натпревари на Федерер, освен оние кои мораше да ги пропушти за време на бременостите.
- Во брак е со Роџер од 2009 година и заедно имаат 4 деца. Се венчале на интимна свадбена церемонија во Базел, Швајцарија, родниот град на Федерер.
- Таа два пати роди близначиња,. Имаат две 6-годишни девојчиња и две 2-годишни момчиња.
- Постојано ја исмеваат за стилот, а последно на тапет беше за розовиот џемпер што го носеше на трибините на Australian Open, но таа продолжува по свое и не им робува на модните трендови.
С. С. | Црнобело