Не спијат до пладне: Познати личности кои стануваат рано
- Детали
- сабота, 02 декември 2017
Тие супер изгледаат, работат на пет различни проекти и уште имаат време за семејството и посета на настани. Како ли им успева сѐ да стигнат?
Се жалите што сте спиеле само седум часа? Мишел Обама се буди во 4 часот наутро!
На моќниците од ѕвездената индустрија и деловниот свет, парите им овозможуваат одредени работи да ги направат побрзо и поефикасно од нас – „обичните“ смртници.
Тие не мора самите да се грижат својата шминка, фризура, гардероба, да чистат, или, пак, да готват.
Но, тоа не значи дека најуспешните меѓу нив секој ден спијат до пладне, а потоа се излежуваат покрај базенот.
Погледнете во колку часот стануваат познатите ранобудници:
Мишел Обама – 04:00
Поранешната прва дама на САД се буди во 4 часот наутро, па заедно со сопругот вежбаат во домашната теретана. „Обично таму стигам пред него. Гледаме спортски канали, вежбаме и разговараме.“, открива Мишел Обама.
Ана Винтур – 05:45
Со нејзината сурова професионалност, таа е страв и трепет во модниот свет. Ана Винтур станува секој ден во 05:45, за да може еден час да игра тенис, пред стилистката да ѝ ја исфенира косата во препознатливата фризура.
Гвинет Палтроу – 04:30
Популарната глумица се буди толку рано, бидејќи сака да биде во мир и да вежба јога. „Не сум утрински тип. Тоа е прашање на упорност“, вели Гвинет Палтроу.
Марк Волберг – 02:30
Славниот глумец и продуцент станува во ниедно време, за да одработи дури два тренинга.
Прво вежба во домашната теретана, а потоа вози до кошаркарски терен, каде игра баскет. Веќе во 6 часот јаде појадок, кој се состои од салата и пилешко.
Викторија Бекам – 06:15
Мама Бекам се буди петнаесетина минути после 6 часот, но не за да вежба. Таа сака да има час време за работа, пред децата да станат од кревет.
Хауард Шулц, генерален директор на Starbucks – 04:30
Хауард станува многу рано. Два часа чита весници, пребарува на интернет и вежба, а потоа трга на работа.
Во колку часот станувате вие?
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





