Имаат телохранител за накитот: Тајните на ѕвездите за големите настани
- Детали
- петок, 06 октомври 2017
Сте се запрашале ли некогаш што се случува зад сцената на популарните церемонии, настани и доделувања на награди?
Она што го гледаме на снимките и фотографиите од црвениот тепих е само еден мал дел, но зад него се кријат многу мали тајни.
Како на пример, дека ѕвездите имаат асистент кој им го држи долгиот фустан или кој стои близу нив и ги советува како да застанат за совршена фотка.
Дознајте кои се тајните на ѕвездите и што се случува за време на големите настани:
Ѕвездите на црвениот тепих имаат личен асистент
Кога гледате во фотките од славните дами во долгите фустани кои се влечат на црвениот тепих, сигурно помислувате колку тие изгледаат беспрекорно од секој аспект и во секој момент.
Но, кога би немале асистент кој постојано им го поправа аутфитот, им го мести фустанот или придржува, тие можеби и не би биле толку совршени без ниту една грешка.
Тајни за седењето
Организаторите на големите настани имаат сериозна задача – распоредот за седење на гостите. Тие внимаваат на тоа како ќе го направат распоредот и ги имаат предвид сите кавги или разделби помеѓу ѕвездите и се обидуваат да не ги стават заедно.
Нема импровизирани шеги
Ако мислевте дека сите тие смешни моменти и шеги се импровизација на ѕвездите, сте се излажале. Сето тоа е сценарио благодарение на огромен професионален тим кој работи неколку месеци на тоа пред да се одржи настанот.
Местата на ѕвездите се обележани со портрет
Местата каде што ѕвездите треба да седнат не се резервирани само со нивното име, туку и со целосен портрет.
Елегантен викенд за Оскари
Пред ѕвездите да заблескаат на црвениот тепих на Оскарите, тие поминуваат заеднички викенд – 48 часа во модерните хотели во Беверли Хилс. Собите во нив се резервирани цела година пред да се одржува настанот со оглед на тоа што сите сакаат да престојуваат во луксузни соби.
Посебна заштита за накитот
Славните на црвениот тепих сакаат да изгледаат беспрекорно, па за таа цел тие многу често носат прескап накит и детали на облеката кои вредат и по неколку милиони долари. Затоа, тие имаат и посебен телохранител кој е задолжен да го чува накитот, а не нив.
Суфлер
Освен што имаат асистент кој се грижи за нивниот изглед, тие имаат и асистент кој ги советува како и каде да застанат за фотките да изгледаат совршено. Исто така, им помагаат и при одговарање на прашањата на новинарите и во сѐ што ќе им биде потребно. Никогаш не се сами.
M. M. | Црнобело