Ѕвезди кои решија да не држат диети
- Детали
- петок, 29 септември 2017
Да се биде позната личност не е лесна работа, бидејќи треба постојано да изгледате совршено.
Во спротивно, папараците и модните критичари, како и фановите, нема да пропуштат ниту еден детаљ што не чини.
Секој килограм плус бурно се следи, но во случајов, ѕвездите си дозволиле малку повеќе килограми плус и очигледно тоа не им пречи.
Погледнете кои се тие:
Кристијан Бејл
Се вели дека актерот ја покачил својата килажа не затоа што не се грижи за себе, туку заради нова улога. Сепак, не знаеме дали да веруваме во тоа.
Ријана
Ријана за краток период качи плус 10 килограми, но очигледно таа не е многу загрижена за тоа и постојано се појавува во разголени фустани.
Нели Фуртадо
Тенкото тело на пејачката сега е само минато, а накачувањето на тежината изгледа е заради проблемите во приватниот живот и разводот од сопругот.
Кеша
Таа била исмејувана за нејзиниот „несовршен“ изглед и тоа многу влијаело на неа психички. Сега, очигледно се чувствува пријатно во своето тело и не се грижи што ќе каже некој.
Џенифер Лав Хјуит
Како што таа вели, откако родила 2 деца, се чувствува посреќно и нема потреба да ја намали килажата. Не можеме да ѝ судиме.
Стивен Сегал
Тој и порано не можел да се нарече многу слаб, но барем ја одржувал тежината и изгледот. Сега актерот тежи 130 килограми, што е премногу дури и за неговата висина од 193 cm.
Џесика Симпсон
На почетокот на кариерата, пејачката имаше тело како на модел, но сега таа постојано варира. Џесика се бори со килажата и постојано намалува и зголемува килажа, па затоа не можеме да знаеме дали ова е моменталниот резултат.
Кели Кларксон
Пејачката многу се здебели во текот на бременоста и оттогаш не успеа многу да намали. Сепак, таа очигледно не се грижи за тоа и е среќна дури и без одобрување од другите.
М. М. | Црнобело