Бурни романси: Славни парови кои раскинуваа, па се смируваа
- Детали
- вторник, 18 јули 2017
Понекогаш врските знаат да бидат комплицирани. И славните парови се обични луѓе, па тоа им е јасно.
Кавги, љубомора, паузи, сите парови поминуваат низ слични фази во врската.
Еве дел од познатите парови со бурни романси кои раскинале, некои и по неколку пати, па се смириле. Некои завршиле со среќен крај, некои се разделиле засекогаш.
Џесика Бил и Џастин Тимберлејк
Џесика и Џастин се заедно од 2007-ма. Раскинаа по 4 години, па се смирија и сега се во брак и имаат дете.
Меган Фокс и Брајан Остин Грин
Овој пар е познати по нивните чести прекини на врската. Заедно се повеќе од 10 години, а во 2014-та поднесоа барање за брак кое беше повлечено кога Меган остана бремена со нивното трето дете. Во моментов се заедно.
Лиам Хемсворт и Мајли Сајрус
Скандалозна врска во која ни самите Лиам и Мајли не знаат колку време биле, а колку не биле заедно. Лиам ја побара Мајли за жена во 2012, но раскинаа во 2013. Сега се пак заедно, а Мајли го носи истиот прстен.
Адам Левин и Беати Принслу
Фронтменот на „Марун 5“ наводно раскинал со убавицата Беати Принслу поради тоа што изјавил дека никогаш не сака да биде во брак. Но, подоцна сфатил дека таа е вистинската, па ја побара за жена. Минатата година го добија првото дете.
Пинк и Кери Харт
Славната двојка долго време јавно ги искажуваше изливите на бес во врската, за конечно да се смири во 2008-ма. Денес се позаљубени од кога било и имаат две деца.
Двејн Вејд и Габриел Јунион
Актерката и познатиот НБА играч се запознаа во 2009-та, додека Вејд се разведуваше од првата сопруга. Во 2013-та раскинаа, но веќе следната година стапија во брак.
Кортни Кардашијан и Скот Дисик
Една од најбурните љубовни врски чии кавги детално беа прикажувани во шоуто на семејството Кардашијан. Заедно се повеќе од 10 години и имаат три деца, но оваа година ставија дефинитивен крај на врската. Само не сме сигурни до кога.
Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам
Кејт и Вилијам се заедно со години, но раскинаа во 2007-ма. Во 2011-та се смирија и сега имаат две деца.
М. В. | Црнобело