Драматични раскинувања на славните кои ќе направат да ви биде мило што сте сингл
- Детали
- сабота, 22 јули 2017
Животот е полн со големи и мали кршења на срцето, но замислете сите ваши погрешни љубовни избори и трауматични разделби да бидат изложени пред светот.
Колку и да е гламурозен животот на познатите, ова е сурова реалност со која се осудени да се справуваат. Кога светските ѕвезди ќе завршат врска, речиси е очекувано да објаснат зошто.
За жал, некои разделби се толку драматични што објаснувања не се потребни и на миг ви станува мило што спиете сами.
Анџелина Џоли и Бред Пит
Само две години по свадбата Анџелина Џоли и Бред Пит се разделија засекогаш. Џоли поднесе документи за развод наведувајќи дека причината се непомирливи разлики и побара целосно старателство на нивните шест деца.
Гласините околу причините за разводот кулминираа кога Бред беше испитуван за наводна злоупотреба на децата. Актерот беше ослободен од обвинувањата, но ова беше трагичен крај по декада мината заедно во љубов.
Лејди Гага и Тејлор Кини
Понекогаш, дури и најсилната љубов не е доволна за да ги задржи луѓето заедно. Таков беше случајот со пејачката Лејди Гага и актерот Тејлор Кини. Разделбата дојде ненадејно со објава на Гага на Инстаграм фановите да се надеваат на добро за нив.
„Тејлор и јас отсекогаш верувавме дека сме сродни души. Како и сите парови и ние име нагорнини и падови и правиме пауза. Двајцата сме амбициозни артисти, се надеваме дека ќе успееме на долги патеки и комплицираните распореди ќе и овозможат време на едноставната љубов што ја имаме еден за друг. Ние сме како и сите други и навистина се сакаме“, изјави Гага во летото 2016 година.
Тејлор Свифт и Калвин Харис
Тејлор Свифт и Калвин Харис изгледаа како идеална двојка, но одненадеж се разделија. Заедно беа 15 месеци. Проблемите настанаа кога веднаш по разделбата Тејлор беше уловена како се бакнува со актерот Том Хилдстон.
Калвин изјави дека е разочаран што Свифт го преболела само два месеци по разделбата и оттогаш медиумите полудеа по нивната приказна.
Роб Кардашијан и Блек Чајна
Ѕвездата на реалната телевизија Роб Кардашијан и моделот Блек Чајна имаа комплицирана врска од самиот почеток. Најмладата сестра на Роб, Кајли Џенер беше девојка на поранешниот на Чајна, раперот Тајга. Мал е светот, зарем не?
Но, проблемите кулминираа кога Роба објави фотографија од голата Чајна на Инстаграм кога дозна дека таа спиела со друг маж. Инаку Чајна има ќерка со Роб и син со Тајга.
Селена Гомез и Џастин Бибер
Селена Гомез и Џастин Бибер беа навистина мали кога ја започнаа врската, па не беше изненадување што раскинаа.
Но, тоа што нė изненади е колку пати раскинаа и се смирија, злоупотребата за која се обвинуваа и големиот број тажни песни што ги направија еден за друг.
С. С. | Црнобело