Славни мајки кои за кратко време по породувањето се вратиле во одлична форма
- Детали
- сабота, 15 јули 2017
Да си ја вратите формата на телото по бременоста и породувањето може да биде навистина многу тешко.
На повеќето мајки им е потребно минимум 1 година за да го постигнат тоа.
Но, познатите личности не можат да си дозволат таков луксуз и мораат многу побрзо да го вратат теллото во неговата совршена форма.
Ова се тајните на 5 ѕвезди кои за кратко време по породувањето веќе изгледаа совршено и објавуваа фотки на Инстаграм:
Оливија Вајлд
2 месеци по раѓањето на нејзината ќерка, таа морала повторно да почне да работи, а нејзината фигура изгледа потенко дури и од претходно. Брзата трансформација актерката ја постигнала со редовен тренинг во теретана.
https://www.instagram.com/p/BKZlJfTBJIn/
Наталија Водјанова
Таа стана мајка по 5-ти пат, а само 2 недели по породувањето супермоделот веќе беше дел од шоуто за пролет/лето 2017 на Givenchy. По 2 месеци таа целосно се врати во форма. Способноста за брзо опоравување вели дека ѝ е наследна, но исто така вежбањето и специјална диета според крвна група помогнале во нејзината цел.
Блејк Лајвли
Актерката само по 2 месеци од раѓањето на второто дете се појави со нејзината неверојатна фигура на црвениот тепих. За да го постигне тој ефект, таа постојано јадела правилно и практикувала јога.
https://www.instagram.com/p/BIJVk3iAL0b/
https://www.instagram.com/p/BPGdCx0glzf/
Кендис Сванапул
Моделот на Victoria's Secret го роди првото дете минатата година во октомври, а веќе 3 месеци подоцна таа објави фотографија во бикини каде може да се забележи нејзиното совршено тело. За да се врати во форма, таа постепено го зголемувала и засилувала вежбањето, редовно пливала и одела на масажи.
https://www.instagram.com/p/BH-hbF8AhR6/
https://www.instagram.com/p/BPLh7E7gMlZ/
Ирина Шајк
Во март оваа година таа ја роди нејзината ќерка, а во бременоста се здебелила 15 килограми. Но, само 1 месец по породувањето таа се појави во јавност и изгледаше одлично. За да се ослободи од вишокот килограми, моделот имаше личен тренер со кој тренираше по интензивна програма. Во програмата беа вклучени диета, масажа и пилатес.
https://www.instagram.com/p/BSt2TUNlgkp/
М. М. | Црнобело