Ѕвезди кои се откажаа од светската слава за да прават други работи
- Детали
- сабота, 15 јули 2017
Понекогаш ни многуте пари и привилегии не се доволни да те задржат во светот на славните. Константниот притисок да се биде успешен, преполнетиот распоред и неуспешните љубовни врски си го земаат данокот од она што се нарекува да се биде славен и популарен.
Некои пак се решаваат да ѝ го свртат грбот на славата во најголемиот зенит на популарноста.
Од конкретни до непознати причини, овие 10 ѕвезди се откажаа од светската слава и се посветија на други работи:
Елизабет Харли
Во 2002 година британската актерка реши да се посвети на чувањето и воспитувањето на синот.
Шон Конери
Во 2003 година еден од најдобрите актери на сите времиња, Шон Конери, се пензионираше откако неговиот последен филм The League of Extraordinary Gentleman доживеа невидено фијаско на бокс офисот.
Ширли Темпл
Актерката која ја нарекувале „Чудо од дете“ и покрај огромниот успех и талент се пензионирала на само 39 години, во 1967 година, а потоа станала амбасадор на ОН.
Мег Рајан
Откако се разведе од својот сопруг Денис Квејд во 2001 година, Мег Рајан се разведе и од Холивуд.
Фреди Принц Јуниор
Во 2003 година актерот кој се прослави во неколкуте хит тинејџерски филмови изјави дека ќе паузира од глумењето затоа што целата работа е „премногу чудна“.
Џин Хекман
Двократниот оскаровец Џин Хекман се пензионираше во 2004 година и од тогаш има напишано 3 историски новели.
Лорин Хил
По објавувањето на нејзиниот најголем хит албум The Miseducation of Lauryn Hill во 1998 година, ексцентричната Лорин Хил го напушти бизнисот цели 12 години, а од тогаш има објавено само неколку синглови кои се бројат на прсти.
Рик Моранис
Актерот кој на публиката и е најмногу познат по улогите во Ghostbusters и Spaceballs се повлече од кариерата во 1991 кога почина неговата жена со цел да им се посвети повеќе на своите две деца.
Кери Грант
Големата актерска икона се пензионирал во 1965 година со цел да се фокусира на татковската улога, а во тој период имал дури 62 години.
Тејлор Момсен
Изгледаше дека улогата на Џени во Gossip Girl ќе ѝ ги отвори сите врати на младата актерка, но неочекувано таа се откажа од глумата во 2011 година, на само 18-годишна возраст. Наместо со глума, продолжи да се занимава со пеење во не толку познатиот бенд, The Pretty Reckless.
(О)Милена | Црнобело