Кристијано Роналдо стана татко на близнаци од сурогат мајка?
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2017
Ѕвездата на Реал Мадрид, поред тврдењата на медиумите, викендов станал татко по вторпат, на две близначиња добиени од сурогат мајка.
Двете дечиња, момче и девојче кои се викаат Матео и Ева, биле родени во четвртокот, тврдат португалските медиуми.
„Матео и Ева, тоа се имињата на двете деца на Роналдо,“ гласеше објавата.
„Момчето и девојчето се родени од сурогат мајка. Но, тоа е тајна која Роналдо сè уште не ја открил пред светот.“
Никој сè уште нема видено фотки од дечињата, ниту пак има официјална потврда од агентите на Роналдо.
Како што семејството на Роналдо одбиваат да зборуваат за мајката на Роналдо Џуниор, очигледно истото ќе се случува и со двете близначиња.
Очигледно, девојката на Роналдо, Џорџина Родригез, исто така нема проблем со чување на тајната.
Иако неодамна имаше шпекулација за нејзина наводна бременост, мајката на Роналдо, Долорес, ги поби гласините: „Нема поента, едноставно ја имаше ставено раката на нејзиниот стомак.“
М. Д. | Црнобело