Колку се променија омилените ѕвезди за 10 години?
- Детали
- четврток, 08 јуни 2017
Никој не останува ист за 10 години. Се менува стилот, понекогаш и карактерот, се менуваат вкусовите, работите кои ги правиме...
Колку се променија омилените ѕвезди за 10 години?
1. Бијонсе
2007: Соработуваше со Шакира за песната „Beautiful Liar“ и уште беше сингл.
Сега: Бремена со близнаци и има рекорден број на Греми награди.
2. Џастин Тимберлејк
2007: Носеше федора.
Сега: Стапи во брак со Џесика Бил, има дете и напиша песна за „Trolls“.
3. Ријана
2007: Еден збор - „Umbrella“.
Сега: Кралица на ризичните модни избори, актерка и добитничка на повеќе Греми награди.
4. Тејлор Свифт
2007: Кантри пејачка.
Сега: Најголемата поп ѕвезда во светот.
5. Кети Пери
2007: Уште го немаше издадено својот прв голем сингл „I Kissed A Girl“.
Сега: Ќе објави уште еден нов албум „Witness“.
6. Џенифер Лопез
2007: Најави дека е бремена со близнаци.
Сега: Уште нема ниту еден ден остарено.
7. Селена Гомез
2007: Беше Дизни ѕвезда.
Сега: Во врска со The Weeknd, поп икона и наскоро ќе објави нов албум.
8. Шакира
2007: Шеташе низ светот за турнејата „Oral Fixation“ и соработуваше со Бијонсе.
Сега: Го објави 11-иот албум, „El Dorado“.
9. Мајли Сајрус
2007: Уште беше Хана Монтана.
Сега: Го објави новиот сингл „Malibu“.
Н. Г. | Црнобело