Зошто принцезата Дијана секогаш ја држела својата чанта притисната на градите?
- Детали
- понеделник, 29 мај 2017
Принцезата Дијана ги обожуваше малите сатенски чанти.
Истите беа дизајнираше лично за неа од страна на Аниа Хиндмарч, која ги открива сите нивни улоги.
Веројатно не постои ништо што не го обожававме кај непрежалената „кралица на срцата“.
Без разлика дали се работи за нејзината улога како принцеза, хуманитарка или стилска икона, принцезата Дијана секогаш преку облеката праќаше порака која се криеше зад огромната количина на нејзиниот неодолив шарм.
Ако добро ги набљудувате сликите од настаните, ќе забележите дека Лејди Ди пристига со малечката плик чанта, со која го покрива деколтето при излегување од автомобилот. И тоа го прави секогаш.
Причината за ова ја открива дизајнерката Аниа Хиндмарч.
Принцезата била една од нејзините први клиенти, и нивниот однос бил повеќе пријателски отколку деловен.
Дизајнерката креирала цела серија на чанти за секоја пригода на принцезата. Принцезата на шега ги нарекувала „cleavage bags“ (чанти за деколте).
Принцезата ништо не оставаше на случајноста. За да избегне било каква можност папараците да го снимат нејзиното деколте во ситуации како што се излегувањето од автомобил, таа ги користеше своите омилени чанти како заштита.
М. С. | Црнобело