Криси Тајген искрено зборува за сите пластични операции кои ги правела
- Детали
- понеделник, 08 мај 2017
Криси Тајген себеси се прикажува како една од најсмешните, но и најреални славни личности на денешницата.
Не лаже, односно е комплетно искрена како за нејзините навики во исхраната и борбата со постпородилната депресија, така и околу тоа дека правела пластични операции.
Неодамна во интервју за Byrdie се отвори за пластичните операции кои ги правела.
Сè на мене е лажно, освен моите образи. Не се срамам да зборувам за такви работи. Не се каам.
Дури откри и операции на места на кои не би очекувале дека се прават пластични операции:
Ми вадеа масти од пазувите. Два инчи на двете раце. И мислам дека пак ќе треба да правам операција, пак се појавува сало таму.
https://twitter.com/chrissyteigen/status/860582409879801856
Но, подоцна на својот Твитер профил откри дека за голем дел од операциите се шегувала, односно дека оние на лицето воопшто ги нема направено.
https://twitter.com/chrissyteigen/status/860581914519805952/photo/1
Н. Г. | Црнобело