Ѕвезди кои тврдат дека ја изгубиле невиноста по 20-тата година
- Детали
- понеделник, 20 март 2017
Голем број на ѕвезди не се срамат да го опишат своето прво сексуално искуство, и за повеќето тоа се случило во тинејџерските години.
Но, има и такви кои тврдат дека за првпат влегле во интимност со друго лице по 20-тата година.
На пример:
Адријана Лима - 27 години
„Мажите мора да ја почитуваат мојата одлука. Ако нема почит, тоа значи дека не ме сакаат. Знаете, мора да се држите до своите принципи. Едноставно, следете ги своите вредности.“
Селин Дион - 20 години
„Се случи во Даблин, тоа беше незаборавен ден. Април 30-ти, 1988-ма година. Таа година се одржа Евровизија. Ме следеше до собата. Бев толку среќна што конечно бев сама со мажот кој го сакам,“ раскажуваше Селин Дион за сопругот Рене со кој беше цели 29 години.
Брук Шилдс - 22 години
„Сметам дека прво треба да се засакаш себеси и тоа како изгледаш. Ако се водев по притисокот на околината, невиноста ќе ја изгубев многу порано. Но, за среќа тоа не се случи.“
Крис Мартин - 22 години
„Имав потешкотии со девојките,“ отворено призна Крис Мартин, фронтменот на Coldplay.
Енрике Иглесијас - 25 години
Џесика Симпсон - 22 години
Лиса Кудроу - 32 години
М. Д. | Црнобело