Славни татковци кои ги обожаваме кога се покрај своите деца

Најверојатно ќе се согласите, нема ништо поубаво од тоа кога ќе видите нежен татко со своето дете.

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-01.jpg

Ѕвездите можеби имаат многу обврски, ама секогаш наоѓаат време за своите деца и додека си играат со нив, нас успеваат да ни ги стопат срцата:

Џастин Тимберлејк и неговиот син Силас

Џастин и неговата сопруга, Џесика Бил, го добија синот пред две години, а за улогата на татко,тој вели: „Тоа е најлудата, најневеројатна, прекрасна и најубава работа која некогаш ми се случила.“.

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-1.jpg

Вин Дизел и ќеркичката Полин

Вин е татко на синот Винсент и ќерките Ханија и Полин, а за татковството вели: „Најлудиот трик кој некогаш сум го направил? Тоа што станав татко.“.

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-2.jpg

Роби Вилијамс и неговата ќерка Теди

Роби и неговата сопруга, Ајда Филд, ќеркичката ја добија пред 4 години, а по две години добија и син. Пејачот вели дека обожава да менува пелени, односно дека негово најголемо задолжение и задоволство е токму тоа.

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-3.jpg

Ештон Качер и неговата ќерка Вајат

Ештон ќерката Вајат ја доби пред две години, а сега, доби и уште едно малечко. За татковството дели дека е „Најголемата и најважна работа. Прави да бидам подобар човек.“.

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-4.jpg

Двејн Џонсон и неговата ќерка Јасмин

Двејн веќе беше татко на ќерката тинејџерка од поранешната сопруга, кога ја доби својата втора ќерка Јасмин. Масивниот актер е многу заштитнички настроен кон неговата ќерка, а за улогата на татко вели: „Да се биде татко е најдобрата задача која некогаш сум ја имал и која некогаш ќе ја имам. Кога првпат ја задржав во раце, кога се роди, ѝ реков да не се грижи, бидејќи јас секогаш ќе бидам тука да ја заштитам.“

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-5.jpg

Крис Хемсворт со близнаците Тристан и Саша

Крис и неговата сопруга Елса Патаки се родители на три деца, а еве што вели тој за татковството: „Да се биде татко дефинитивно е задача, ама најдобрата задача која некој некогаш може да ја побара.“.

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-6.jpg

Џон Леџенд и неговата ќерка Луна

Пејачот повеќе од сигурно е дека ќе биде прекрасен татко. За својата ќерка и татковството вели: „Го добивате ова малечко човече кое е производ на вашата и љубовта на партнерот и мислам дека е неверојатна работа да гледате како сте рефлектирани во тоа дете и имате задача да го учите, воспитувате и да се грижите за него.“.

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-7.jpg

Мет Дејмон и ќерката Џија

Мет и неговата сопруга Лусијана Баросо имаат четири ќерки, а вели дека: „единствениот начин на кој можам да го опишам татковството... знам дека звучи глупаво, ама е како на крајот на филмот „How the Grinch Stole Christmas“ кога срцето ви расте отприлика 5 пати поголемо.“.

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-8.jpg

Рајан Рејнолдс со ќеркичката Џејмс

Канадскиот актер и сопругата Блејк Лајвли неодамна станаа родители на уште едно дете, а за неговата ќерка тој вели: „Ме врти на малиот прст. Глупаво е знам. Доволно е да каже тато и подготвен сум да одам и низ цемент за неа.“

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-9.jpg

Џејсон Сидекис и синот Отис

Џејсон и неговата сопруга Оливија Вајлд, се родители на две деца. Тој за синот вели: „Отис ме вика тате и мислам дека тоа е пресмешно. Никогаш не очекував дека тој збор ќе биде толку магичен.“

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-10.jpg

Том Харди и неговиот син Луис

Актерот игра во многу улоги, но најважната улога која ја има е онаа на татко. „Повеќе не мислите само за себе. Можеби работам некаде далеку, ама секогаш морам да бидам сигурен дека моето мало момче има сè што му треба.“

slavni-tatkovci-koi-gi-obozavame-koga-se-pokraj-svoite-deca-11.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg