Тајната козметичка процедура со која сите ѕвезди имаат заоблени колкови и големи задници
- Детали
- понеделник, 13 март 2017
Откако Кардашијанс станаа популарни по нивните фигури на песочни часовници, и остатокот на светот почна да тежнее по таквиот облик на тело.
Фановите на Кајли Џенер и Ким Кардашијан се опседнати со нивните совршено пропорционални тела, и додека двете ријалити ѕвезди тврдат дека се производ на строг режим на исхрана и секојдневни вежби, пластичните хирурзи имаат друго објаснување.
Како што објаснува доктор Дев Пател, по проучувањето на фотките на ѕвездите чии колкови и задници преку ноќ се зголемиле, тајната процедура која никој не ја споделува со јавноста е следнава:
„Постојат две опции на кои ги зголемуваат колковите.
Првата е преку креирање џепче меѓу кожата и мускулот, каде се ставаат импланти кои ја даваат формата, најчесто направени од силиконски гел како имплантите за гради.
Втората опција е користење на масти од друг дел во телото, кои се вбризгуваат околу задникот и колковите.
Двете методи се прифатени, но со шанси за ризик од инфекции, крварење и неправилно обликување на деловите.“
М. Д. | Црнобело