Марк Закерберг и Присила Чен очекуваат втора ќерка
- Детали
- петок, 10 март 2017
Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чен очекуваат уште едно дете, девојче.
CEO-то на Фејсбук вестите ги најави на неговиот профил.
Парот своето прво дете, Макс, го доби во 2015-та година после 3 спонтани абортуси.
Присила и јас сме среќни да споделиме дека очекуваме уште едно бебе!
После тешките искуства кои ги имавме додека ја добиеме Макс, не бевме сигурни дали да очекуваме дека ќе добиеме второ дете. Кога Присила и јас откривме дека таа е повторно бремена, прво се надевавме дека детето ќе биде здраво. Следно, се надевавме дека ќе биде девојче. Не може да ми текне да поголем подарок од тоа Макс да има сестра и среќен сум што Макс и новото дете ќе се имаат себеси една за друга.
Пораснав со три сестри и тие ме научија да учам од паметни, силни жени. Не ми беа само сестри, туку и најдобри пријателки. Напишаа книги, одлични се во своите настапи, музика, спорт, готвење и нивните кариери. Ми покажаа како да се натпреваруваме и сè уште да се смееме после тоа.
Присила порасна со две сестри и тие ја научија на важноста на семејството, грижењето за другите и напорната работа. Се подржуваа една со друга како студентки и во нивните напредувања со кариерата во медицина и бизнис. Имаат многу заеднички шеги - такви какви што само сестри може да ги разберат.
Сите ние сме посилни заради силните жени во нашите животи - сестрите, мајките и пријателките. Едвај чекаме да му кажеме добредојде на малечкото и да направме што е можно повеќе за да израснеме силна жена.
Priscilla and I are happy to share we're expecting another baby girl! After our difficult experience having Max, we...
Posted by Mark Zuckerberg on Thursday, March 9, 2017
Н. Г. | Црнобело