Фотка стара една деценија: Како изгледаше Адел пред да стане славна?
- Детали
- петок, 10 март 2017
Адел моментално е една од најпрепознатливите поп ѕвезди во музичката индустрија која меѓу другото, е добро позната по нејзиниот гламурозен изглед и мачкините очи.
Но, пред само 10 години, Греми победничката изгледаше како секоја „обична“ девојка.
А, за потсетување на тој факт, Кели Озборн реши да сподели стара фотка кога тие како дуо настапувале во BBC радио.
На фотографијата, Адел им само 19 години и не можете да ги видите препознатливото нанесување на туш за очи и софистицираната светкава облека.
Можеби сега ви е тешко да ја замислите Адел како „непозната“, ама кога е направена оваа фотографија, таа е на само една година од објавувањето на својот прв албум и стекнувањето на светска слава.
Н. Г. | Црнобело