Славни пријателки кои делеле ист партнер
- Детали
- среда, 08 март 2017
За светот на славните буквално може да се каже дека е мал, па неретко се случува и славните пријателки да имаат исти мажи на листата на своите поранешни или сегашни партнери.
Еве неколку такви примери:
1. Тејлор Свифт и Селена Гомез
Меѓу пријателките кои делеле ист партнер се наоѓаат поп пејачката Тејлор Свифт, која беше во врска со Тејлор Лаутер од „Twilight“ во 2009-та година, и нејзината пријателка Селена Гомез која беше во врска со него веднаш по прекинот на врската на Свифт. Но, тоа не ги спречи и понатаму да бидат блиски пријателки.
2. Тејлор Свифт и Џиџи Хадид
Тејлор Свифт обожава да се дружи со супермодели, а со нив ги дели и своите партнери. Пејачката во 2008-ма година беше во врска со Џо Џонас, а 7 години подоцна, во 2015-та година во врска со Џонас беше и Џиџи Хадид.
3. Тејлор Свифт и Кара Делевињ
Тејлор и Кара покрај тоа што се пријателки, тие се поврзани и по тоа што биле во врска со ист маж. Станува збор за Хери Стајлс од групата „One Direction“. Тејлор со него беше во врска во 2012-та година, а Кара во 2013-та година.
4. Камерон Дијаз и Кејт Хадсон
И двете биле во врска со поранешната бејзбол ѕвезда, Алек Родригез и тоа, според шпекулациите, истата 2010-та година. Заради тоа, помеѓу нив „летаа искри“, ама повторно се спријателија и фотографираа заедно на забава на Vanity Fair.
5. Џенифер Анистон и Кортни Кокс
Актерките уште многу одамна се познати како многу блиски пријателки не само на филмското платно, туку и надвор од филмскиот свет. Во текот на `90-ите и двете беа во врска со пејачот на групата „Counting Crows“, Адам Дуритц, прво Анистон, а по неа и Кокс.
6. Ема Робертс и Дијана Агрон
Ѕвездата на низа комедии, Ема Робертс и ѕвездата од ТВ серијата „Glee“, и двете, биле во врска со актерот Алекс Петифер. Во 2008-мата година, тој ѝ ја искажа љубовта на Ема со тетовирање на иницијалите од нејзиното име на прст, но тоа не траеше долго. Во 2011-тта година, се шпекулираше дека Петифер е во врска со Дијана Агрон, но и тоа траеше кратко. Пријателството помеѓу Ема и Дијана трае и до ден денес.
7. Дру Баримор и Гвинет Полтроу
И овие две пријателки делеле заеднички партнер, Лук Вилсон. Дру со него беше во врска во `90-ите, а Гвинет во 2001-ва година.
8. Селена Гомез и Бела Хадид
Врската на Бела Хадид и The Weeknd стана јавна на доделувањето на Греми наградите во 2016-та година, а веќе на почетокот на 2017-та година, ненадејно имавме можност да погледнеме како Селена Гомез е во врска со пејачот. Денес тие сè уште се во врска.
Н. Г. | Црнобело