Српската тенисерка гола!
- Детали
- понеделник, 19 април 2010
Поранешната тенисерка Војислава Лукиќ, на повик од актерот и продуцентот Дон Џонсон е во поход за освојување на Холивуд, пишува Прес.
Понудата од соништата и пристигнала кон крајот на минатата година, кога 24-годишната убавица учествуваше на турнирот во двојки со тенисерот Бојан Јованвски во Дубаи.
Иако приказната со тенисот ја заврши уште пред една година, нејзиниот настап во Дубаи привлече внимание на тамошните медии.
"Ми кажа дека ме забележал на турнирот и дека мисли дека совршено се вклопувам во улогата во неговиот нов проект. Ме повика на дојдам во Њујорк, каде ќе продолжи нашиот разговор и каде, на негов предлог, во јануари ќе се запишам на училиште за глума како би можела соодветно да се подготвам за својот прв актерски предизвик.
Не сакам премногу да се возбудувам за ова, бидејќи ништо не е дефинитивно", изјавува Војислава.