Која е Французинката прогласена за Мис Универзум 2016?
- Детали
- понеделник, 30 јануари 2017
23-годишната студентка по стоматологија од Франција стана Мис Универзум кој се одржа на Филипините и стана првата дама која ја донела круната на својата земја после 64 години.
Ирис Митенер од градот Лил во северниот дел на Франција, изјави во одговорот на последното прашање од церемонијата, дека ќе ѝ биде чест ако се најде меѓу трите финалисти. А, беше видно вчудоневидена кога беше објавен победникот меѓу 86-те натпреварувачи.
Митенер остана без зборови додека минатогодишната победничка ја крунисуваше.
Инаку, 23 годишната Ирис, кога не се грижи за денталното здравје на другите, таа е фанатик на екстремни спортови, обожава да патува и да готви нови француски специјалитети.
Во една ситуација изјави дека доколку ја добие круната ќе промовира дентално здравје и орална хигиена ширум светот.
А, презентерот на шоуто, Стив Харви, оваа година успеа да ја најави вистинската победничка, за разлика од минатата година.
Во случај да не паметите што се случи минатата година, Харви ја прогласи Мис Колумбија за Мис Универзум, наместо како прва придружничка.
Н. Г. | Црнобело