Изјава на дечко на Рики Мартин
- Детали
- понеделник, 05 април 2010
Изгледа дека многумина ќе се обидат да ги добијат своите 5 минути слава откако Рики Мартин призна дека е хомосексуалец. Имено, речиси анонимен...
...аргентински пејач, Пабло Руиз, тврди дека бил интимен со Мартин.
“Ќе ви признаам нешто важно: се имам бакнувано со Рики Мартин, неколку пати... Јас имав 17 години и во тоа време се уште немав секс со маж. Рики имаше 22 или 23 години. Тоа се случи во Мексико каде јас бев на турнеја, а тој живееше и глумеше во една серија. Бевме на приватна журка, опкружени со луѓе во кои имавме доверба“, изјавил Руиз во една аргентинска емисија (може да погледнете на видеото подолу доколку разбирате шпански).
Не требаше да помине многу време од признанието на Рики, за некој да се обиде да добие слава. Кој е следен, ќе видиме.