"Анџелина Џоли е наказа!"
- Детали
- четврток, 01 април 2010
Во ексклузивното интервју за американскиот In Touche, мистериозниот поранешен телохранител на Анџелина и Бред одлучи да ја открие правата...
... вистина за актерката која во медиумите се прикажува како внимателна мајка и совршена сопруга.
Маж со име Бил, кој не сакаше да го открие своето презиме, за популарната двојка работел долго време, а како што вели тој, освен на своите вработени, таа често знае да се иживува и со Бред и со своите деца.
"Своите деца ги казнува на тој начин што таа молчи додека тие плачат, без да покаже ни малку сочувство. Таа има две лица - приватно и јавно. Според мене, таа е себична наказа која нема ни малку трпение.
Нема ниту трошка добрина во неа", вели поранешниот телохранител кој додава дека за разлика од неа, Бред има многу повеќе трпение со децата. "Чeсто вика, се дере и тогаш едноставно ќе исчезне на неколку часа".
Кога е во прашање бракот и нивниот однос, Бил тврди дека помеѓу нив повеќе не постои никаква хемија. "Порано знаеа да се смеат, да водат љубов. Сега спијат во оделни соби. Постојано се расправаат, а кога прават пауза од караниците, Анџелина постојано го критикува својот сопруг.
Често знае да му се јави на телефон и да му се дере. Тогаш Бред само го трга телефонот и ја остава на интерфон. Но таа не престанува, вика на слушалката се додека некој од домашните не и се јави и и' објасни дека Бред повеќе не е на линија", изјавил Бил за крај.
Дали Анџелина и Бред и овој пат ќе го тужат магазинот кој ги објави овие информации за нивниот живот, не се знае, но со оглед на тоа дека секогаш се огласуваат на слични приказни, веруваме дека е само прашање на време кога Бранџелина ќе се огласи во јавноста со својата верзија на приказната.